НАТО ќе го распореди турскиот систем за надзор на небото MEROPS (мултиспектрален оптички нишан со проширен опсег) во Полска и Романија, поради растечката загриженост за руските упади на беспилотни летала во воздушниот простор на сојузниците.
Оваа одлука, како што пишува денес „Еурактив“, следеше откако полските власти пријавија 19 упади во воздушниот простор во текот на ноќта помеѓу 9 и 10 септември, што предизвика барања за посилен надзор на источното крило на НАТО.
MEROPS, развиен од турската компанија „Аселсан“, може да се монтира на хеликоптери и беспилотни летала и е способен да открива непријателски системи преку облаци и прашина. Според „Еурактив“, обуката за работа со системот започнува со поддршка на Украина, а се планира да започне веќе следната недела.
Аналитичарите велат дека овој потег ќе ги зајакне можностите за рано откривање и ќе го забрза одговорот на заканите со беспилотни летала, кои станаа постојана карактеристика на руската агресија против Украина и нејзиното проширување во соседните земји.
Оваа одлука, исто така, одразува поширок пресврт кон оптички системи за надзор, кои ќе ги надополнат радарските и традиционалните стратегии за одговор во стратегијата на НАТО за воздушен надзор во Источна Европа, заклучува „Еурактив“./Извор:Makfax