Centar.mk
СВЕТ

Се судрија патнички и товарен брод за време на премин низ Босфорот, осум лица повредени

Осум лица се повредени во судир меѓу патничкиот брод „Камил Сајин“ и бродот за сув товар „Артвин“, за време на преминот низ Босфорот.

– Околу 20:30 часот, патнички брод и брод за сув товар со панамско знаме се судрија крај брегот на Салаџак, Ускудар. Како резултат на судирот, повредени се осум патници на патничкиот брод . По несреќата, бродовите вклучени во несреќата беа повлечени од преминот Босфор, а повредените граѓани беа префрлени во блиските болници – се вели во изјавата на гувернерот на Истанбул, која ја пренесува CNN Turk.

Како што е соопштено, започната е истрага за инцидентот.

Товарниот брод беше одвлечен од екипи на крајбрежната стража до безбедна зона, каде што беше закотвен за проценка на штетата./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Полскиот претседател кај Орбан, владата во Варшава реагира остро

C +

Вооружен маж отвори оган во парк полн со луѓе во Литванија

C +

Амбасадата на САД во Ирак ги повика своите граѓани да ја напуштат земјата

C +