Centar.mk
СВЕТ

Кошта: На 1 октомври ЕУ ќе разговара за одговорот на руските провокации

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, изјави дека лидерите на Европската унија ќе одржат состанок во Копенхаген на 1 октомври за да разговараат за колективен одговор на „новите руски воени провокации“, вклучувајќи го и влегувањето на три руски воени авиони во естонскиот воздушен простор.

– Нарушувањето на естонскиот воздушен простор од страна на три руски воени авиони е уште една неприфатлива провокација – изјави Кошта на X.

Како што истакна тој, ова уште еднаш ја нагласува итната потреба од зајакнување на источното крило на НАТО, продлабочување на европската одбранбена соработка и интензивирање на притисокот врз Русија.

– Ќе го разгледаме нашиот колективен одговор на постапките на Русија на неформалниот состанок на Европскиот совет во Копенхаген на 1 октомври – додаде Кошта.

Како што претходно објави порталот Err.ee, три руски борбени авиони МИГ-31 влегле во естонскиот воздушен простор во областа на островот Виндло без дозвола и останале во естонскиот воздушен простор речиси 12 минути./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Жолто предупредување во Холандија и Белгија: најавена силна бура

C +

Кина и САД се сретнаа на Хаваи: сакаат да го намалат ризикот од воен конфликт

C +

Предупредување за вонредна состојба: Јапонија во тревога, доаѓа тајфун

C +