20. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Чупеска: Власта свесно ги остава граѓаните ранливи и без заштита

Фемицидот, екоцидот се нашата сурова реалност и тоа не се случајни појави, туку системски и систематски организирани деструктивни однесувања на актуелната власт, кои се длабоко поврзани меѓу себе, порача во интервју за Рацин.мк Ана Чупеска, универзитетска професорка и потпретседалка на СДСМ.

„Затоа, кога анализираме што релано се случува во земјава, актуелната власт, се чини дека ги негува своите стари навики на деструктивни поведенија. Погледнете го на пример проблемот со незаконсото институирање на директорот на АНБ и последователните злоупотреби на оваа институција во ПР цели со фабрикација на афери“ вели таа.

Според Чупеска Владата свесно ги остава граѓаните ранливи и без заштита.

„Тоа се потврди со драматичните ситуации со Кочани, Дрисла, Вардариште, Трубарево, уништувањето на природата, убиствата на жените. Власта наместо да води политика на управување со општеството во правец позитивно да се развива и да напредува , води некрополитики. Со легицидот што го етаблира , т.е со уништувањето на правната држава, институциите се претворени во инструмент – овозможувач на деструкцијата на општеството, но и на неговата социјална структура и особено на довербата. Во еден таков деструктивен систем, незаштитените групи, како на пример жените (Росица, е последна во низата жртви) се срамна трагедија на затајување на Власта. Слично, уништувањето на природата и неказнивоста за еколошките злодела на ист начин треба да се толкуваат“ заклучи Чупеска

Извор: Рацин.мк

Можеби ќе ве интересира

Чупеска: Институциите овозможуваат и не спречуваат насилства

C +

Граѓаните немаат партнер во оваа власт, мора да се бориме за заедничкиот дом, вели професорката Чупеска

C +

Чупеска: Граѓаните ја изгубија вербата во демократските институции и во можноста за остварување на правда

C +