11. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Чупеска: Институциите станаа џелати наместо да им служат на граѓаните

Говорејќи на повеќе актуелни теми, универзитетската професорка и потпретседателка на СДСМ, Ана Чупеска, во интервју за порталот Рацин.мк порача дека масовната партизација на институциите довела до ситуација тие да станат „џелати“ наместо заштитници на потребите на граѓаните.

„Сите институции на државната управа и инспекциските служби се брутално окупирани од партиски лојалисти, институциите како МВР, АНБ, АР, и секако сите други, наместо да нѐ заштитуваат, се чини дека се на првата линија на ова уништување, како тие да го предводат растурањето на државата, на општеството.

Делумно, ова е резулат и на идеолошките анахронизми со кои ДПМНЕ е оптоварена. да се потсетиме дека врховизмот сеуште е мотивациона енергија во нивните редови, а Мицкоски јавно не се огради од тоа наследство. Оттука, институциите вака окупирани со контроверзни идеолошки вредности стануваат џелати, наместо да им служат на граѓаните“ рече Чупеска.

Таквото дејствување, додаваа таа често оди и спротивно на Уставот, за кој професорката смета дека е доста демократски.

„Тие (институциите) се ставени во целосна функција, исклучиво на одредени бизнис и политички моќници, кои наместо да решаваат секојдневни проблеми на граѓаните, создаваат уште поголеми проблеми. Со едноставни зборови, оваа власт ги користи институциите за да ги заштити само и исклучиво своите луѓе, а не за да ја спроведе правдата или да ја овозможи демократијата. Напротив, дури и нашиот демократски Устав, не го третираат за фундаментален темел на државата и делуваат спротивно на него“ порача Чупеска.

Извор: Рацин.мк

Можеби ќе ве интересира

Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК

Синоптичарите излегоа со прогноза – Следува значителна промена на времето, по сонцето доаѓа дожд и заладување

ДЕСК

СДСМ: Во очајнички обид да се злоупотреби трагедијата во Кочани, ВМРО-ДПМНЕ потврди дека функционерите на СДСМ доследно работеле по закон

C +
error: Соддржината е заштитена.