Centar.mk
СВЕТ

Полска купува 2.500 ракети од САД

Соединетите Американски Држави ја одобрија продажбата на 2.506 противоклопни ракети FGM-148F „Џавелин“ и 253 лесни командно-лансирни уреди (LWCLU) на Полска, во вредност од околу 780 милиони долари. Пакетот опфаќа и обука, логистичка поддршка, резервни делови и техничка асистенција.

„Џавелин“ е пренослив систем, дизајниран за уништување на тенкови и лесно оклопни возила. Оружјето стана симбол на украинската одбрана во првите месеци од руската инвазија во 2022 година.

Одлуката доаѓа по неодамнешниот упад на околу 20 руски дронови во полскиот воздушен простор, кога полските и сојузничките авиони соборија дел од нив – настан означен како прв преседан од ваков тип во НАТО земја.

Полска и Украина најавија заеднички програми за обука во противдронска одбрана, додека паралелно европските држави ги зголемуваат воените набавки, а новата трансатлантска шема PURL обезбедува дополнителна воена помош за Киев./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

СЗО СО НОВО ГЛОБАЛНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ – Шест климатски мерки можат да спасат 1,6 милиони животи годишно

ДЕСК

ШВЕДСКА КНИГИТЕ И РАКОПИСОТ ВО УЧИЛИШТАТА – Повеќе пишување со рака и помалку екрани кај најмладите

ДЕСК

ПРАВОСИЛНА ПРЕСУДА ЗА ДДВ-ИЗМАМА – Двајца во Германија добија по седум години затвор

ДЕСК