Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Царинска управа: спречен обид за шверц на 27,5 килограми тутун за наргиле

Мобилен царински тим на граничен премин Меѓународен Аеродром Скопје, на влез во државата, спречи обид за шверц на дури 27,5 килограми ароматизиран тутун за наргиле, што требало да заврши на македонскиот пазар. Со оваа акција е спречен обид за нелегална трговија со тутун, како и обид за избегнување плаќање давачки за акцизна стока во висина од 138.435 денари.

Во случајот, против едно лице, државјанин на Турција, се води соодветна постапка, а тутунот е запленет.

Случајот е откриен, кога поради сомневање, мобилен тим го селектираше и изврши контрола на патникот, при што во куферот и личната торба во негова сопственост беше пронајден ароматизиран тутун за наргиле со вкупна тежина од 27,5 килограми.

Нелегалниот тутун го загрозува здравјето на граѓаните и ја поткопува легалната трговија и оттука Царинската управа во континуитет спроведува акции со цел спречување на обиди за криумчарење тутун и тутунски производи.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРУВАЛ МАЛОЛЕТНИК ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ, СПОРЕД ПРИЈАВАТА – Полицијата приведе 45-годишен маж

ДЕСК

12-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ПРИЈАВЕНО ЗА ИСЧЕЗНАТО, ПА СЕ ВРАТИЛО ДОМА – Мајката тврди дека малолетник против нејзина волја ја заклучил во автомобил

ДЕСК

ЈА НАПАДНАЛ СОПРУГАТА И Ѝ НАНЕЛ ПОВРЕДИ, СПОРЕД ПОЛИЦИЈАТА – Кривична пријава против 42-годишник од Гостивар

ДЕСК