4. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Шукова: Го повикувам Орце Ѓоргиевски на јавно соочување за Вардариште

Интегрален текст од денешната прес-конференција на Каја Шукова, кандидатка за градоначалничка на Град Скопје:

Почитувани,

Доста беше бегање од одговорност. Доста беше глумење на ВМРО ДПМНЕ за да ја покријат сопствената нестручност и да ја лажат јавноста дека градоначалниците немаат надлежност за екоцитот Вардариште.

Законот е јасен – отпадот е локална надлежност! ВМРО ДПМНЕ четири години ја игнорираа својата обврска да го решат овој проблем

Да зборуваме со факти и словото на Законот.

Градоначалниците се директно одговорни за:

Управување со комуналниот и комерцијалниот отпад;

Јавната чистота и расчистување на напуштен отпад;

Донесување мерки и акти за селекција, транспорт и контрола на отпадот;

Реализација на проекти за подобрување на состојбата со отпадот;

Задолжителна соработка со други општини и Градот Скопје.

Орце Ѓоргиевски и ВМРО ДПМНЕ или го немаат прочитано законот за управување со отпад, или свесно го игнорира за да ја префрлат вината кога јас бев министер за животна средина. Тоа само зборува колку Ѓоргиевски е неук, а сака да раководи со Скопје.

Граѓаните имаат право да знаат зошто Вардариште денес изгледа како црна еколошка дупка. Наместо претоварна станица, таму имаме отворена депонија и чести пожари. Тоа е директен резултат на НЕработата на градот, односно на неспособноста на ВМРО ДПМНЕ и нивната Данела Арсовска.

Јас и СДСМ знаме како да го решиме Вардариште.

Итно оградување и 24-часовен надзор на Вардариште, со расчистување и забрана за пристап. Потоа следи изградба на затворена, еколошка претоварна станица со систем за селекција, контрола и транспарентност. Вардариште ќе стане функционална, безбедна локација – а не еко-бомба под прозорите на скопјани.

Го повикувам Орце Ѓоргиевски на јавен дуел пред граѓаните. Нека ги донесе сите негови „аргументи“ дека од Вардариште ќе направи парк. Јас ќе ги донесам фактите, законите и резултатите. Граѓаните ќе судат кој има решение, а кој има само празни ветувања и пропаганда.

Можеби ќе ве интересира

Законот е јасен: АНБ ги декласифицира документите!

C +

Нема активни пожари во државата, еден под контрола, изгаснати 22

C +

Герасимовски: Еднократна парична помош за глувонемите во Центар

C +