Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Времето утре променливо облачно, локално со невреме

Времето утре ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. На повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 20 l/m²), засилен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степена.

Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, во делови од котлината во форма на краткотрајно невреме. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 30 степени.

Од петок следува период на претежно стабилно време. До недела ќе дува слаб до умерен северен ветер, a од понеделник ветерот ќе го смени правецот во јужен./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Сопственик на стан во центарот на Скопје допирал и физички нападнал млада кираџика од Србија

ДЕСК

Брутална и голема тепачка во Скопје: Причината била сообраќајна несреќа, употребени и тврди предмети – тешко утро во главниот град

ДЕСК

Пензионер доживеал хорор во зграда лоцирана во центарот на Скопје: Бил претепан и ограбен

ДЕСК