Прес-конференција, Каја Шукова, кандидатка за градоначалничка на Град Скопје – интегрален текст:
Почитувани,
Граѓаните вчера на протест јасно порачаа: доста е со труењето од Вардариште. Наместо празни зборови, бараат конкретни но итни решенија. Вчера повторно мирисаше на чад во домовите на граѓаните од тие општини. Чадот и смрдеата ги гушат жителите на Ново Лисиче, Аеродром, Маџари и Автокоманда.
Орце Ѓоргиевски ги потценува овие граѓани. Неговото наводно решение за парк е срамна изборна манипулација. Тоа е навреда за сите што протестираат и секојдневно се трујат.
Орце ќе го претвори Вардариште во парк онолку колку што го „дислоцираше“ Центарот за зависници од Кисела Вода.
Да бидеме јасни:
Тие немаат решение а нашиот план е реален и во две фази: Прва фаза за заштита од палење. Во рок од 45 дена систем за спречување na палењето на депонијата.
Оградување на Вардариште
24-часовна физичка контрола и обезбедување на Вардариште.
Поставување на систем за видео надзор
Во втора фазана среден и долг рок:
Изградба на современа претоварна станица и целосна санација на контаминираната локација.
Воспоставување целосен систем за управување со отпад – од собирање до финално депонирање во Дрисла, со задолжителна селекција.
Обнова на механизацијата за собирање и транспорт на отпад.
Постојан мониторинг и надзор според највисоки еколошки стандарди.
Ова е вистинското решение за Вардариште, се друго се бајки и приказни на ВМРО-ДПМНЕ. Скопје нема време за нови лаги. Скопјани не смее да се трујат заради кампањата на Ѓорѓиевски. Јас гарантирам: ќе ставиме крај на труењето, ќе обезбедиме здравје за сите и ќе изградиме град по европски стандарди.
НАЈЧИТАНО НА ИНТЕРНЕТ...