3. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-ЛОКАЛНО

Герасимовски: Ангажираме лични асистенти во училиштата, плата 15.000 денари, вложуваме во инклузивно образование

Општина Центар и оваа учебна година ангажира лични асистенти за ученици со посебни образовни потреби во рамки на проектот „Образование за сите“.

Право на пријавување на јавниот повик имаат лица со завршено средно образование, а предност ќе имаат кандидати со високо образование од областа на наставата, психологијата, педагогијата, дефектологијата и социјалната работа, како и оние со претходно искуство во работа со деца со попреченост.

Избраните кандидати ќе работат по 20 часа неделно, со месечен надоместок од 15.000 денари.

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски истакна дека личните асистенти се клучни за успешен инклузивен образовен процес.

„Нашите асистенти им помагаат на учениците полесно да се адаптираат и функционираат во училишната средина. Тоа многу значи, не само за децата, туку и за родителите и наставниците. Морам да потенцирам дека сме единствена општина во Скопје што, и покрај сите предизвици, продолжува самостојно, од свој буџет, да го спроведува овој проект,“ рече Герасимовски.

Јавниот повик е отворен пет работни дена, а пријавувањето се врши во Архивата на Општина Центар, барака 6, секој работен ден од 9 до 15 часот.

Повеќе информации за повикот: https://www.centar.gov.mk/?p=26239

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Власта се заплетка со скандалот, кој лаже Бојан Христовски или Мицкоски?

C +

Тошковски: Граѓаните заслужуваат полиција која ќе се грижи за нивната безбедност и благосостојба, силно ќе се бори против криминалот, ослободена од политички и други влијанија

C +

Шукова: Со СДСМ решение и крај на труењето од Вардариште – Скопје заслужува вистинско решение

C +