НАТО го сфаќа попречувањето на ГПС-сигналите многу сериозно, а алијансата постојано работи на тоа да спречи попречување и осигурување дека тоа нема да се случи повторно, изјави денес генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.
Тој го изјави ова откога се прекинал ГПС-сигналот на авионот во кој се наоѓаше претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на пат кон Бугарија, објави „Ројтерс“.
Бугарската влада соопшти дека ГПС-сигналот бил изгубен додека авионот на Фон дер Лајен се приближувал кон Пловдив во јужна Бугарија, што ги натерало контролорите на воздушниот сообраќај да се префрлат на системи за навигација на земја за да обезбедат безбедно слетување. Инцидентот се случил додека Фон дер Лајен била на четиридневна турнеја во земјите членки на ЕУ што граничат со Русија, објави „Танјуг“./Извор:Makfax
НАЈЧИТАНО НА ИНТЕРНЕТ...