Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Нови тројца кандидати за градоначалници од СДСМ, досега објавени вкупно 60 кандидатури

Соопштение на СДСМ:

Ве информираме дека со одлука на Извршниот одбор на СДСМ дадена е согласност за уште три кандидатури за градоначалници за претстојните локални избори:

-Драган Анастасов, кандидат за градоначалник на општина Пробиштип

-Драгослав Симоновиќ, кандидат за градоначалник на општина Градско и

-Борче Гиевски, кандидат за градоначалник на Зелениково.

Со ова, СДСМ веќе има објавено 60 кандидати за градоначалници од СДСМ во 60 општини ширум државата.

Сите кандидати на СДСМ се чесни, одговорни и посветени луѓе, кои ќе го дадат својот максимум во интерес на граѓаните. Преку изборните програми кои се подготвуваат заедно со граѓаните, со стручни лица и експерти во различни области СДСМ ќе понуди издржани решенија за секоја општинина и ќе претстави нова визија за развој на локалните заедници.

Можеби ќе ве интересира

Лажни дојави за бомби во училишта во Скопје и Тетово

C +

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

C +

Речиси 5.000 прекршоци регистрирани со „Безбеден град“ за една недела, најмногу за брзо возење

C +