Centar.mk
СВЕТ

САД го укинаа издавањето визи за речиси сите Палестинци

САД го укинаа издавањето визи за речиси сите носители на палестински пасоши, објави „Њујорк тајмс“ во неделата.

Ограничувањата се построги од оние што претходно ги објави администрацијата на претседателот Доналд Трамп за посетителите од Газа. Тие ќе им забранат на Палестинците да патуваат во САД за медицински третман, колеџ или работа, објави весникот, повикувајќи се на неименувани претставници.

Стејт департментот пред две недели најави дека ќе прекине да издава визи за лица од Газа додека не спроведе „целосна“ ревизија, што беше осудено од пропалестинските групи./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Најмалку тројца загинати во руските напади врз Украина

C +

Орбан се откажува од пратеничкото место

C +

Руси хакирале профили на Сигнал на германски политичари

C +