Centar.mk
СВЕТ

Зеленски: Од украинска страна сè ќе биде што е можно поподготвено за да се стави крај на војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека во текот на оваа недела претставниците на таа земја ќе имаат повеќе меѓународни контакти, што би можело да биде чекор кон завршување на војната со Русија, како и дека „сè ќе биде максимално подготвено за завршување на војната“ од украинска страна.

„Оваа недела ќе има контакти со Турција, ќе има контакти со земјите од Заливот, со европските земји, што може да биде платформа за разговор со Русите“, рече Зеленски во вечерното видео обраќање, пренесува Укринформ.

Тој рече дека е важно земјите-партнери на Украина да го потврдат ова.

„Дури и во иднина, сè ќе зависи исклучиво од волјата на светските лидери, првенствено на Соединетите Американски Држави, да извршат притисок врз Русија“, нагласи Зеленски.

Според него, потребни се нови чекори и нов притисок преку санкции и царини за да се принуди Русија да ја заврши војната.

„Тукушто одржав состанок со дипломатскиот тим – Министерството за надворешни работи, Канцеларијата, сите. Подготвуваме нови контакти со лидерите на земјите партнери. Очекуваме дека наредните недели ќе бидат многу активни“, додаде Зеленски./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на демонстрантите во Иран да продолжат да протестираат и дека помошта е на пат

ДЕСК

Атина без такси 48 часа: возачите на улица против даночните мерки

C +

САД со предупредување: Американците веднаш да го напуштат Иран

C +