Финскиот претседател Александар Стаб изјави дека е потребно да се изврши силен притисок врз Русија за да се постигне напредок во наоѓањето мирно решение за конфликтот во Украина.
По телефонскиот разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски, Стаб напиша на социјалната мрежа X дека „се спроведува планот за сигурна поддршка на безбедноста на Украина“ нагласувајќи дека Киев е подготвен за мир, а „Русија само чека време“.
„Мора да извршиме притисок врз Русија да седне на преговарачка маса“, рече финскиот претседател додавајќи дека Хелсинки, заедно со своите партнери, ќе продолжи да се стреми кон „праведен мир за Украина“.
Еден ден претходно Стаб истакна дека рускиот претседател Владимир Путин не може да биде убеден во мирот преку Западот, туку преку влијанието на земјите од Истокот, кои одржуваат трговски врски со Москва. Затоа предложи воведување тарифи против земјите што ја продолжуваат економската соработка со Русија.
Финскиот претседател исто така изрази надеж дека „трпението на американскиот претседател Доналд Трамп со Москва набргу ќе истече“ нагласувајќи дека само нови санкции и царини може да ја принудат Русија да го прекине конфликтот./Извор:Makfax
НАЈЧИТАНО НА ИНТЕРНЕТ...