Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Со инженер од ЈП Водовод во тимот, Мециновиќ најавува решенија за Скопје

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на Левица, Амар Мециновиќ, објави дека во неговиот тим се приклучува инженерот Дејан Димовски, кој има долгогодишно искуство како раководител за електромашинско одржување, техничко следење и мониторинг во ЈП „Водовод и канализација“.

Со оваа одлука, како што наведуваат од тимот на Мециновиќ, јасно се става до знаење дека еден од главните фокуси на Левица во Скопје ќе биде решавањето на хроничните проблеми со водоснабдувањето во градот, како и воспоставување на силни и ефикасни јавни претпријатија, целосно ослободени од влијанија на приватни интереси.

Оваа објава доаѓа по претходните повици на кандидатот на Левица до Скопјани активно да се приклучат во движењето за подобро Скопје и заедничко решавање на проблемите од секојдневието. Како што изјави тој, уште во првите 24 часа од објавата на кандидатурата почнале да се приклучуваат активисти и експерти од различни области.

Можеби ќе ве интересира

Расчистен случај со лажна сообраќајка, лишен од слобода скопјанец, одреден му е притвор

ДЕСК

Денеска уште еден евакуациски лет со 147 патници ќе пристигне во Македонија од ОАЕ

ДЕСК

Царинска управа: кривична пријава против девет лица – луксузно возило „Мерцедес-Мајбах“ во 2023 година е пуштено во слободен промет и регистрирано со фалсификувани документи

ДЕСК