17. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Папата апелира за траен прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците

Папата денес упати силен апел до глобалната заедница да го прекине речиси двегодишниот конфликт меѓу Израел и Хамас повикувајќи на траен прекин на огнот, ослободување на заложниците во Газа и обезбедување хуманитарна помош.

„Уште еднаш упатувам силен апел да се прекине конфликтот во светата земја, кој предизвика толку многу терор, уништување и смрт“, рече папата на својата неделна аудиенција во Ватикан.

„Барам ослободување на сите заложници, постигнување траен прекин на огнот, олеснување безбеден влез на хуманитарна помош и целосно почитување на меѓународното хуманитарно право“, рече тој.

Папата не ги именува Израел или палестинската милитантна група Хамас, но рече дека меѓународното право бара „обврска за заштита на цивилите, забрана за колективно казнување, неселективна употреба на сила и присилно раселување на населението“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Гранатирање кај најголемата нуклеарна централа во Европа, се крева црн чад; МААЕ издаде предупредување

C +

Британија го пречекува Трамп со голема помпа и надеж дека ќе се избегнат тешки прашања

C +

Израелски министер: Ќе изградиме величествена полициска населба во Газа

C +