27. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Левица: Владата на ДПМНЕ со иста фирма склучи ист мегаломански тендер како владата на СДСМ – 380.000 евра кампања за придобивките од ЕУ

Соопштение на Левица:

Историјата се повторува, овојпат како фарса. Владата на ДПМНЕ реши да потроши над 23,3 милиони денари (околу 380.000 евра) за 45-дневна кампања со која на граѓаните ќе им објаснува колку е добро да бидеме дел од Европската Унија.

Истата оваа услуга пред неполни две години ја купи и владата на СДСМ – со исто времетраење, иста фирма, слична цена: 355.000 евра. Тогаш медиумите блиски до актуелната партија на власт критикуваа за вредноста на договорот, како и за сомнителноста и мистериозноста на компанијата „Вертиго-НМЕ ДОО“, која ја спроведуваше и сега повторно ќе ја спроведува кампањата.

Скандалот е уште поголем доколку се види тендерската документација. За оваа кампања стигнале две понуди: едната вредна 9.211.203 денари, а другата 19.799.919 денари без ДДВ. Владата на ДПМНЕ ја избра втората, односно двојно поскапата!

А додека властите се натпреваруваат кој ќе потроши повеќе за европски спотови, народот тоне во сиромаштија и преку СМС пораки лечи деца или собира донации за повредените од трагедијата во Кочани. Власта упорно троши милиони од народната каса за да продава пропаганда наместо да вложува во реалните потреби на народот и да овозможи нормални услови за живот кои нема да го тераат секој млад човек да си замине од државата.
Со вакви криминални тендери и расфрлање со јавни пари, единствената европска перспектива е дека уште долго ќе ја гледаме ЕУ на скапи билборди и телевизиски спотови.

Можеби ќе ве интересира

Драматична и непроспиена ноќ во Капиштец: Во пламен беа четири автомобили

ДЕСК

Андоновски и Владев официјално го отворија Центарот за услуги „ЕТУ Свети Николе“

ДЕСК

Филипче: СДСМ нуди чесни кандидати за градоначалници кои се почитувани во заедницата

ДЕСК