27. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Го нарекуваат разбивач на масти: појадок што им помага на луѓето да изгубат до 3 килограми неделно

Појадокот е основа на здрав ден. Го поттикнува вашиот метаболизам, а со правилен избор на храна килограмите ќе се стопат без многу напор.

За појадок клучно е да посегнете по храна што нè држи сити долго време и обезбедува доволно енергија за целиот ден.

А што спаѓа во оваа магична група? Одговорот е јасен – протеини.

Многубројни студии покажаа дека појадокот богат со протеини ќе поттикне поголемо согорување калории. Покрај тоа, протеините го намалуваат ризикот од напади на глад попладне.

Според експертите, грчкиот јогурт и јајцата се идеални состојки за диетален појадок.

Грчкиот јогурт содржи голема количина протеини и има малку масти и шеќер. Секако, важно е да се провери дали е направен од полномасно или обезмаслено млеко бидејќи тоа има директно влијание врз бројот на калории што ги внесуваме.

Студија во која учествувале 20 жени покажала дека оние што јаделе грчки јогурт биле помалку гладни во текот на денот, а со тоа внеле 100 калории помалку.

Друга студија го потврдила овој факт – испитаниците што редовно јаделе грчки јогурт еден месец постигнале подобри резултати кога станува збор за губење на тежината од оние што не го јаделе за појадок.

Јајцата се исто така здрава храна богата со протеини, која ќе ве држи сити долго време. Тие се одличен извор на биотин, важна хранлива материја што се користи во метаболизмот на мастите и шеќерите. Познат е и како витамин Б7 или витамин Х.

Постојат многу начини да се подготви оваа храна, но експертите откриле која е најздравата.

Според студија објавена во The Journal of Nutrition, јајцата ја задржуваат својата хранлива вредност најдобро ако се јадат варени.

При готвењето на јајцата исто така со уништува можната салмонела и ја зголемува содржината на протеини во нив за дури 40 проценти, што нè прави да се чувствуваме сити.

Ако јајцата се подготвуваат во форма на омлет или кајгана, што вклучува многу високи температури и голема количина масло или маснотии, нивото на витамини и антиоксиданти во нив се намалува, а во исто време се зголемува и нивото на холестерол, што може да го зголеми ризикот од срцеви заболувања./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Научник тврди: Мистеријата на Бермудскиот Триаголник е решена!

C +

Дневен хороскоп за 27 август 2025

ДЕСК

Дневен хороскоп за 26-ти август 2025 – Кому ќе му тргне во вторник?

ДЕСК