Centar.mk
photo created by AI
СВЕТ

Украдени велосипеди вредни 250.000 евра

Велосипедскиот тим Висма, тимот на лидерот на Вуелта, Данецот Јонас Вингегор, се соочи со голем проблем. Преку ноќ од камионот на механичарот биле украдени велосипеди. .

Италијанската полиција, во земјата каде што се одржуваат воведните етапи на Вуелта, го истражува случајот и вели дека се украдени „неколку велосипеди“. Медиумите објавија дека украдени се 18 велосипеди чија вредност изнесува 250.000 евра.

„Нашите механичари работат многу напорно за да се осигурат дека тимот е целосно подготвен за третата етапа“, се вели во соопштението на тимот.

Вингегор ја зеде црвената маичка за лидерот во трката, со победата на етапата во недела.

Двократниот победник на Тур де Франс сепак ќе биде без помошта на својотколега Аксел Зингл во остатокот од трката, кој мораше да се повлече по тешкиот пад на дождливата етапа во неделата.

Третата етапа е долга 134,6 километри и завршува со искачување до Церес во италијанските Алпи, северозападно од Торино.

Вингегор, кој веќе двапати го освои Тур д’Франс, се смета за главен фаворит на овогодинешната Вуелта, бидејќи актуелниот победник на Тур д’Франс, Тадеј Погачар, и четирикратниот шампион на Вуелта, Примож Роглич не учествуваат на оваа трка. /Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Момче во Германија повлекло девојка под воз што доаѓал од спротивен правец, двајцата се мртви

ДЕСК

46 жртви во железничката несреќа во Шпанија

ДЕСК

Во текот на изминатото деноноќие, Русија извршила вкупно 1.019 напади врз Украина

ДЕСК