Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Стаб: Се надевам дека кај Трамп набргу ќе го снема трпението за Путин

Финскиот претседател Александар Стаб денес изјави дека се надева дека трпението на американскиот претседател Доналд Трамп со рускиот претседател Владимир Путин наскоро ќе исчезне и додаде дека европските земји ќе продолжат да се залагаат за траен мир во Украина.

Според него, единствениот начин да се принуди Путин да ја заврши војната во Украина е преку неговите сојузници, со проценка дека оние кои можат да го убедат рускиот претседател да постигне примирје се на Истокот, објавува „ Ile“.

Финскиот претседател, исто така, рече дека го предупредил Трамп дека Путин користи „типични руски тактики на одложување“ за да избегне средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Турскиот опозициски лидер оди на суд: се соочува со 2.430 години затвор

C +

Експерти: САД влегуваат во војна во Иран без цел или стратегија

C +

(Видео) Американската војска уби шестмина во Пацификот: „Патувале по шверцерски рути“

C +