Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Утре сончево време, со температура до 34 степени

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во источните делови ќе има услови за локален краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 32 степена.

До петок времето ќе се задржи претежно сончево и топло со постепен пораст на дневните температури. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

За време на викендот времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. В сабота ќе дува умерен до засилен југозападен, а в недела ветерот ќе го смени правецот во северен./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Филипче со детали од новиот Закон: Сите тендери и јавни набавки ќе се водат преку блокчејн платформа

C +

Мицкоски: Пуштен е во употреба новиот градски пазар во Општина Виница

C +

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +