Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Прво настанал пожар во автомобилот, потоа стихијата се префрлила кон куќата – Татко, мајка и две малолетни деца завршија во скопските клиники

Денеска (25.8.2025) во 03:58 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Батинци, скопско, настанал пожар во патничко моторно возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на лице(37) од с.Батинци, кое било паркирано во гаража во куќа.

Од пожарот бил зафатен и еден кат од куќата, а поради вдишување чад мажот, неговата сопруга и нивните две малолетни деца биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.

Екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот.

Можеби ќе ве интересира

Инцидент во центарот на Скопје – физички нападнат скопјанец

ДЕСК

Стружанка илегално изградила семејна куќа во Трпејца – ем заработи кривична, ем ќе и’ ја срушат куќата до темел

ДЕСК

Апсења близу Стење – четворица суданци илегално ја преминале границата, завршија во станица

ДЕСК