Centar.mk
СВЕТ

Падна хеликоптер: Голем број служби за итни случаи на лице место – детали за драмата на островот Вајт

Британските служби за итни случаи објавија дека хеликоптер се урнал на островот Вајт, но сè уште не е познато колку патници имало на него или дали има жртви.

Несреќата се случила околу 9:24 часот по локално време, а лекари и специјалист за брза помош биле испратени на местото на настанот, објавија медиумите

„Патот е затворен поради бројот на возила на службите за итни случаи на лице место, затоа ве молиме избегнувајте ја областа во овој момент“, соопшти полицијата.

Островот Вајт е најголемиот остров во Англија, сместен во Ламанш, покрај брегот на Хемпшир, одделен од копното со Солентскиот теснец и се смета за една од најпопуларните туристички дестинации.

фото Илустрација

Можеби ќе ве интересира

Путин потпиша закон кој им дозволува на ФСБ да го исклучат интернетот во Русија

C +

Унгарија: ЕУ сака утре да го усвои 20-тиот пакет санкции кон Русија, ние ќе го блокираме

C +

Трамп најави одлука за напад врз Иран, но сè уште се соочува со три клучни пречки

C +