Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

СДСМ: 4 години разочарувања, 4 години фрлени низ ветер на Јовчески и ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп

Прес конференција на кандидатката на СДСМ за градоначалничка на Прилеп, Петра Лукаровска

Четири години фрлени низ ветер – тоа е најкратката дефиниција за четиригодишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ и Борче Јовчески со општина Прилеп. Ако имаа малку срам и почит кон своите сограѓани, наместо бесмислен отчет со празни страници, Јовчески и ДПМНЕ ќе им се извинеа на прилепчани за големата изборна лага.

Фактите се немилосрдни и тие потврдуваат дека Прилеп ја има најнеспособната власт во својата историја.

Наместо ветеното намалување на сметките за вода, прилепчани плаќаат поскапа вода, градски превоз и паркинг, повисок данок и комунални услуги.

Нема ништо од бесплатниот оброк за учениците до четврто одделение, новите градинки за 500 деца и бесплатните униформи за ученици од социјално загрозените семејства.

ДПМНЕ и Јовчески излагаа и за затворениот пливачки базен, реконструкцијата на Старата чаршија, кружните текови кај новата автобуска станица и „Табана“, катната гаража помеѓу Општината и Поштата.

Со оваа власт прилепскиот спорт го допре дното, младите останаа без Младински културен центар, населените места се целосно забаталени и заборавени.

Она коешто актуелната власт го остава во наследство, е небезбеден град во кој насилството и запалените возила станаа секојдневие.

Јавни претпријатија потонати во долгови од над 2 милиони евра и процут на дивото градење.

Узурпирани јавни површини, темни, раскопани, нечисти и празни улици по кои крстарат глутници кучиња скитници

Зад ДПМНЕ и Јовчески остана само пустош и огромни разочарувања на граѓаните.

Почитувани,

Прилеп заслужува поодговорна и подобра власт, власт по мерка на прилепчани!

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: Министерството за финансии работи интензивно на системски пристап во финансиските истраги- Криминалот повеќе нема да биде исплатлив

ДЕСК