Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Куршуми оштетија “пасат” во центарот на Скопје и “голф” во Сарај – Полицијата презема мерки

На 22.08.2025 во СВР Скопје, Ц.С.(54) од Скопје пријавил дека на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје пронашол заталкано зрно од огнено оружје кое му го оштетило кровот неговото патничко возило „Фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки. Полициски службеници од СВР Скопје го подигнале зрното за понатамошна постапка и се работи на расчистување на случајот.

На 22.08.2025 во 12:20 часот во СВР Скопје, С.М.(28) од с.Семениште, општина Сарај пријавил дека во дворот од семејната куќа на неговото возило „Фолксваген голф“ забележал оштетување на кровот од заталкано зрно од огнено оружје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Гледај го бонус видеото и следи нè на YouTube за вакви содржини секој ден

Можеби ќе ве интересира

Предмалку почуствуван земјотрес од 2.9 степени според рихтер во Македонија – Сеизмолозите излегоа со информации

ДЕСК

Инцидент во угостителски објект во Скопје: Маж нападнат со тврд предмет

ДЕСК

Се запали возило во Скопје

ДЕСК