Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото МВР
-МАКЕДОНИЈА

Ужас ја потресе Македонија: Млад скопјанец е е уапсен по сомнение за сторено кривично дело „Производство и дистрибуција на детска порнографија“

На 21.08.2025 Секторот за компјутерски криминал при МВР до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против лице(27) од Скопје, за сторено кривично дело „Производство и дистрибуција на детска порнографија“ предвидено и казниво по член 193-а став 3 од Кривичниот законик.

По добиена информација од полицијата во Германија за спроведена истрага во врска со сексуална злоупотреба на деца и поседување и дистрибуција на материјал со сексуална злоупотреба на деца, како и дека станува збор за профил на апликацијата “Telegram”, со телефонски број и ИП адреса од Р.С.Македонија, од страна на Секторот за компјутерски криминал при МВР беа преземени мерки и активности за прибирање на докази при што по утврдување на корисникот, на 20.08.2025 година по добиена Наредба од Основниот кривичен суд Скопје за претрес на дом и помошни простории, Наредба за пребарување на компјутерски систем и компјутерски податоци и Наредба за привремено одземање на компјутерски податоци, од страна на полициски службеници од Секторот за компјутерски криминал беше извршен претрес во домот на мажот (27) при што пронајдени и одземени се предмети за понатамошна постапка.

Скопјанецот е лишен од слобода во Полициска станица Гази Баба и известен Јавен обвинител од ОЈО Скопје за понатамошна постапка.

Можеби ќе ве интересира

Следува реконструкција на Владата? ВМРО ДПМНЕ не е задоволна од двајцата министри од ЗНАМ, има незадоволство и кај свои министри, објави СДК

ДЕСК

Филипче: За правда, слобода и безбедност владата доби единица од ЕУ – драматичен пад во споредба со лани

ДЕСК

Филипче: Во Буџетот нема предвидено пари за спроведување на реформите

ДЕСК