Centar.mk
фото Центар.мк
-БИЗНИС

ДОДЕКА ИНФЛАЦИЈАТА ГАЛОПИРА, ПАЃА ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА: Во јуни била 45.469 денари, помалку за околу 300 денари од претходниот месец

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2025 година, изнесува 45 468 денари.

Ова означува пад за 328 денари во споредба со мај 2025, кога просечната плата била 45.796 денари

Во јуни 2025 година, во однос на јуни 2024 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 8.4 %.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование за 14.7 %, Дејности на здравствена и социјална заштита за 12.7 % и Рударство и вадење на камен за 12.2 %.

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување за 7.5 %, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 4.3% и Транспорт и складирање за 2.1 %.

Можеби ќе ве интересира

Продолжува инвестицискиот циклус на Lidl во Скопје: Почна изградбата на маркет во Гази Баба

ДЕСК

СДСМ нема да молчи: Оставка од Тошковски поради загубените животи!

C +

Мицкоски: Шабани и Сулејмани со својата работа и посветеност ќе придонесат за зајакнување на институционалниот капацитет

ДЕСК