Centar.mk
фото Општина Илинден
ЛОКАЛНО

Општина Илинден отпочна со реконструкција на Домовите на култура

Во рамки на програмата за Реконструкција и санација на домовите на култура во населените места, Општина Илинден отпочна со реконструкција и санација на истите.
Деновиве отпочната е реконструкција и санација на домот на култура во Ајватовци кој се простира на површина од околу 130 м2. Во него ќе се изврши комплетно реновирање на внатрешните ѕидови со подлога за боење како и надворешниот дел со нова фасада.

Увид во работните активности денеска направи градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој рече дека проектот ќе се одвива во две фази. Во првата фаза ќе се изврши реконструкција и санација на домовите на култура во Ајватовци, Бујковци, Бучинци и Дељадровци, а во наредната фаза ќе бидат опфатени и останатите домови на култура и во другите населени места.

Целта на реконструкцијата на домовите на култура претставува значаен чекор кон заживување на културниот живот на локално ниво, создавајќи отворени простори за уметност, дружење и активно граѓанско учество на сите, со што се поттикнува развојот на заедницата и се вложува во иднината на младите генерации. Домовите на култура се и одлични места за пензионерите, каде можат да се дружат и да го поминуваат слободното време во најразлични друштвени игри.

Средствата за реконструкција на домовите на култура се обезбедени од буџетот на Општина Илинден.

фото Општина Илинден

Можеби ќе ве интересира

Битола: Со златен медал во ката тим се закитија Александар Божиновски, Михаил Марковски и Давид Стојчевски со што обезбедија пласман за Европското првенство во ката тим мажи кое ќе се одржи во Лимасол, Кипар

ДЕСК

Инвестиции во основното образование во Битола

ДЕСК

Градот Скопје интензивно продолжува со унапредување на спортската инфраструктура во скопските средни училишта,

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.