11. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Зеленски: На Трамп му објаснив дека руските приказни за заземање на Донбас се само празни зборови

На Русији би ѝ требале уште најмалку четири години за целосно да го заземе регионот Донбас, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесува „Киев Индепендент“.

Тој потсети дека Русија уште во 2014 година изврши инвазија врз Донбас, а во 2022 ја започна целосната војна против Украина.

„По речиси четири години целосни воени операции, Русија зазеде околу една третина од Доњецката област и моментално контролира 67 до 69 проценти од тој простор. На американскиот претседател Доналд Трамп му објаснив дека приказните дека тие ќе го освојат Донбас до крајот на 2025 година се само празни зборови“, рече Зеленски.

Украинскиот лидер оцени дека Москва инсистира на целосно повлекување на украинските сили од Донбас за да може тоа да го прикаже како „победа“ пред својата јавност.

Зеленски ги отфрли шпекулациите дека на средбата со Трамп не ја исклучил можноста за територијална размена со Русија. Тој повтори дека е подготвен за директен разговор за територијални прашања само со рускиот претседател Владимир Путин.

Според украинските медиуми, Путин наводно се согласил на повлекување на руските сили од делови од Сумска и Харковска област, во замена за откажување на Украина од Доњецк и Луганск.

„Русија нема да може трајно да ги задржи тие мали делови од Сумска и Харковска област. Нивните сили на крај ќе бидат протерани. А што се однесува до сите наши привремено окупирани територии – уште еднаш нагласувам, ние правно не ја признаваме окупацијата“, истакна Зеленски./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Фон дер Лајен: Европа ќе го брани секој квадратен сантиметар од својата територија

C +

Британскиот премиер: Упадот со руски беспилотни летала во Полска е исклучително загрижувачки

C +

Германскиот министер за надворешни работи: Упадот со беспилотни летала во Полска покажува дека Москва е подготвена за ескалација на конфликтот

C +