Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Перински: Одржливи општини се она што ѝ недостига на Македонија и токму тука е нашиот фокус

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денеска ги потпиша договорите за кофинансирање 7 проекти со вкупно 18 корисници – општини и организации од граѓанскиот сектор од Македонија.

Овие проекти се реализираат во рамките на Програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија преку отворениот повик за инвестициски иницијативи по Приоритет 3: „Интегриран развој на прекуграничниот регион“.

Вкупната вредност на јавниот повик изнесува 500.971.694 денари. Од овие средства за македонските корисници обезбедени се 137.887.557 денари преку кофинансирање од ЕУ и национално кофинансирање во вредност од 26.349.547 денари.

Проектите се во област на препознатлив културен и природно ориентиран и одржлив туризам. Преку оваа Програма ги развиваме Источниот, Југоисточниот и Североисточниот Плански Регион, велат од Министерството за локална самоуправа./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ПОЛИЦИЈАТА НА ТЕРЕН ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ: Пет лица лишени од слобода по контрола

ДЕСК

Лишени од слобода две лица од Скопје, осомничени се дека украле патничко возило, следува пријава

ДЕСК

Јавни расправи на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите

ДЕСК