Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Можно е гласачкото ливче да биде 7-8 метри

Кандидат за градоначалник или советник ќе може да биде секој, бидејќи за тоа ќе бидат потребни само 2 потписа.

Па така се отвори и прашањето колку луѓе би се пријавувале за кандидати, на оваа тема коментираше и премиерот Христијан Мицкоски.

„Сè е можно. Можно е гласачкото ливче да биде 7-8 метри, можно е гласачкото ливче да ги обесхрабри граѓаните да излезат на изборите и да се намали цензусот. Но, сакам да предупредам дека согласно Уставот и Законот, ако не е успешен избирачкиот процес, Владата е таа која именува владини повереници во Општините. Неодговорното однесување на поединци или на политички партии резултира со вакви можности. Дали тоа ќе се случи ќе видими многу скоро, до 1 септември треба да заврши овој процес,“ рече премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање денеска во Драчево.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Усвоен Кварталниот извештај: Макроекономските движења се во согласност со очекувањата на Народната банка

ДЕСК