11. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Инвестиции во ООУ „Ристо Крле“ и за првпат продолжен престој за учениците од прво до трето одделение

Во насока на обезбедување поквалитетни услови за настава и успешен почеток на новата учебна година, во основното општинско училиште „Ристо Крле“ изминатиов период се реализираа низа активности за унапредување на воспитно-образовниот процес.

Со почеток на новата учебна година, освен во ООУ „Гоце Делчев“, продолжен престој за учениците од прво до трето одделение за првпат се воведува и во ООУ „Ристо Крле“ во Кадино. Во таа насока, целосно се реновирани санитарните јазли и тоалетите наменети за учениците во продолжен престој. Исто така, уредена е и посебна просторија за чување на оброци.

Во рамки на подготовките за новата учебна година, комплетно се уредени три кабинети за предметна настава по математика, англиски јазик и музичко образование. Кабинетите се опремени со нов училишен мебел, нагледни и дидактички средства, музички инструменти, како и три современи смарт табли. Дополнително, со поставување на вариолајт завеси, создадени се оптимални услови за реализација на наставата според современи стандарди.

Во подрачното училиште во н.м. Мралино, монтирана е нова комбинирана печка на пелети и цврсто гориво, со што значително се подобрува енергетската ефикасност и условите за престој во зимскиот период.

Во подрачното училиште во н.м. Бунарџик, се започна со адаптација на просторија за настава по физичко и здравствено образование, со подна татам подлога и нагледни средства.

Увид во спроведените активности направи градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, заедно со директорот на училиштето, Јовче Петковски, при што градоначалникот изрази задоволство од досегашните вложувања и истакна дека Општината ќе продолжи со интензивна поддршка на образовните институции, со цел создавање современи и квалитетни услови за едукација.

Сите овие активности се дел од континуираните заложби на училиштето и локалната самоуправа за подобрување на квалитетот на наставата и создавање стимулативна средина за учениците и наставниот кадар.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: Голем бесплатен концерт во сабота со Дарио и Миг-21, Елена Ристеска, Викторија Лоба, Кристина Арнаудова, Барбара Поповиќ и „2 Бона“

C +

Герасимовски: Еднократна парична помош за глувонемите во Центар

C +

Герасимовски: Ангажираме лични асистенти во училиштата, плата 15.000 денари, вложуваме во инклузивно образование

C +