21. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Џенифер Анистон подготвена за трет брак, планирала венчавка на плажа со Џим Кертис

Изгледа дека за Џенифер Анистон наскоро би можеле да прозвонат венчални ѕвона. Како што пишуваат странските медиуми, ѕвездата од „Пријатели“ наводно е подготвена за сериозен чекор со својот нов партнер, Џим Кертис. Иако 56-годишната актерка веќе неколку месеци дискретно се гледа со гуруто за самопомош, извори тврдат дека нивната врска брзо се развива бидејќи се познаваат со години, и таа овој пат е сигурна во својата одлука.

Гласините за романтиката на парот во последните недели не престануваат да ги полнат медиумите, а изгледа дека врската, која наводно ја прифатил и нејзиниот најблизок круг пријатели, се движи кон трајна обврска.

„Џен и Џим се луди еден за друг, а таа е во фаза од животот кога е уморна од љубовни игри“, открил извор.

„Таа вложи сè во оваа романса и лесно е да се види зошто. Џим е душа од човек со неверојатна емпатија за потребите на Џен. Верува дека конечно го пронашла својот човек за цел живот.“

Изгледа дека Кертис од самиот почеток го дели нејзиното мислење. „Разговарале за заедничка иднина уште на првиот состанок“, објаснил добро информиран извор, додавајќи дека Кертис „јасно кажал од првиот ден“ колку е посветен на нивната врска.

За Анистон ова би бил трет брак, а наводно планира интимна и едноставна церемонија. „Возбудени се што ќе се венчаат и сакаат да си ги разменат заветите на плажа во Кабо, пред мала група блиски пријатели“, открил извор.

Нивната врска брзо напредува, а парот веќе бил виден на неколку патувања. Во јуни се повлекле во мирниот Ventana Inn во Big Sur, а кратко потоа се појавиле во јавноста за време на одмор на јахта во Шпанија за Денот на независноста. Фотографите ги фатиле како разменуваат нежности на палубата, без да се грижат за љубопитните погледи.

Кертис по враќањето дури пишувал за патувањето: „Се вратив од одмор, какво искуство!“ напишал тој. Осврнувајќи се на патувањето, додал: „Кога бев болен, тажен и во болка, никогаш не мислев дека ќе имам изобилство, радост и љубов кои сега ги доживувам секојдневно.“/Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Сопругата на Робин Вилијамс откри детали за неговата состојба и причините за самоубиството

C +

Почина Габи Новак – беше легендарна југословенска и хрватска пејачка

ДЕСК

Комбето на бендот „Амадеус“ се преврте, сите биле внатре (ФОТО)

ДЕСК