Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Утре, сончево и топло време со мала локална облачност

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени, информира УХМР.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 36 степени.

В петок и в сабота во западните и во северните делови ќе има услови за повремен локален дожд и појава на ретки грмежи. В петок ќе дува засилен, повремено силен ветер од западен и југозападен правец.

За време на викендот ветерот ќе го смени правецот во северен со умерен, по должината на Повардарието повремено засилен интензитет, а температурите ќе бидат во опаѓање./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ВОЗЕЛ ИАКО ИМАЛ ЗАБРАНА – Полицијата во Струга уапси 56-годишник и му го одзеде „фолксвагенот“

ДЕСК

ПОЛИЦИСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА ВО ОХРИД ПРЕД ЗОРИ – Уапсен 31-годишник по пријава дека ја нападнал девојката

ДЕСК

МАСОВНА ТЕПАЧКА ВО ЦЕНТАРОТ НА ОХРИД – Повеќе лица физички се пресметале, па избегале од местото

ДЕСК