11. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трамп: Не грижете се, нема да има трета светска војна

Планетата повеќе не се движи кон трета светска војна, изјави американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за новинарот Марк Левин.

Зборувајќи за конфликтот во Украина, тој истакна дека за време на администрацијата на поранешниот американски претседател Џо Бајден, ситуацијата само се влошувала.

„Мислам дека сè водеше кон трета светска војна, но сега не. Тоа е добра вест. Веќе не мора да се грижите за тоа“, рече Трамп.

„Ќе видиме како ќе се одвива процесот на решавање на кризата. Но, сè се движеше кон трета светска војна. Ова е најстрашната работа што се случила во однос на воените конфликти од Втората светска војна“, додаде тој.

Претседателот на САД, по средбата со претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Володимир Зеленски, сака да ја процени можноста за дијалог меѓу нив без негово присуство.

„Имав многу успешна средба со претседателот Путин. Имав многу успешна средба со претседателот Зеленски. А сега помислив дека ќе биде подобро ако се сретнат без мене, само да видиме, сакам да видам што ќе се случи“, рече тој.

Трамп додаде дека, доколку е потребно, ќе им се придружи на Путин и Зеленски за да им помогне на страните да постигнат договор./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Фон дер Лајен: Европа ќе го брани секој квадратен сантиметар од својата територија

C +

Британскиот премиер: Упадот со руски беспилотни летала во Полска е исклучително загрижувачки

C +

Германскиот министер за надворешни работи: Упадот со беспилотни летала во Полска покажува дека Москва е подготвена за ескалација на конфликтот

C +