Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Шефот на дипломатијата на Трамп ќе ја води работната група за безбедносни гаранции за Украина

Американскиот државен секретар Марко Рубио ќе ја води работната група која ќе изработи предлог за безбедносни гаранции за Украина, потврди висок функционер на Белата куќа и уште еден извор запознаен со плановите за „Си-ен-ен“.

Рубио, кој во моментов ја извршува и функцијата привремен советник за национална безбедност, ќе соработува со европски советници за национална безбедност на предлог со кој би ѝ се гарантирала одбрана на Украина доколку таа се согласи на договор со Русија за завршување на војната. Прв за ова извести „Аксиос“, кој објави дека Рубио ќе ги води разговорите.

Според изворите, во следните денови ќе се одржат низа состаноци на кои ќе се разговара за можните безбедносни гаранции.

Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп ја отфрли можноста за испраќање американски сили на украинска територија како дел од мировните планови, но не ги исклучи другите форми на американска поддршка.

„Претседателот разбира дека безбедносните гаранции се клучни за обезбедување траен мир и им наложи на својот тим за национална безбедност да координира со нашите европски пријатели, како и да продолжи соработката и разговорите за овие прашања со Украина и Русија“, изјави портпаролката на Белата куќа Каролин Левит на брифинг./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Зимската бура во САД не се смирува: стотици илјади луѓе без струја, откажани летови

ДЕСК

Поранешен британски министер ја напушта Лабуристичката партија поради неговите врски со Епштајн

ДЕСК

Иранскиот демонстрант Ерфан Солтани ослободен со кауција

ДЕСК