20. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

САД ги зголемуваaт царините на челик и алуминиум, aвтоиндустријата испрати предупредување

Министерството за трговија на САД објави дека ги зголемува царините на челик и алуминиум за повеќе од 400 производи, меѓу кои се и ветерни турбини, домашни апарати, тешка механизација, железнички вагони, мотоцикли, бродски мотори, мебел и стотици други производи.

Министерството соопшти дека на списокот на деривати од челик и алуминиум опфатени со секторските царини се додаваат 407 категории производи, при што на содржината на челик и алуминиум во тие производи ќе се применува царина од 50 проценти, а на преостанатата содржина ќе важи државната стапка.

Финансиските аналитичари на компанијата Evercore ISI во истражувачка белешка наведоа дека мерката се однесува на повеќе од 400 производи, чиј увоз минатата година изнесувал над 200 милијарди долари, и се проценува дека ќе ја зголеми вкупната ефективна царинска стапка за околу еден процентен поен.

Министерството со новите тарифи опфати и увозни делови за издувни системи на автомобили, електричен челик потребен за производство на електрични возила, компоненти за автобуси и клима-уреди, како и домашни апарати како фрижидери, замрзнувачи и сушари.

Одбиено барањето на Тесла

Група странски производители на автомобили го повикаа Министерството да не ги додава тие делови, предупредувајќи дека САД нема домашни капацитети за задоволување на тековната побарувачка.

Компанијата Тесла безуспешно бараше од Министерството за трговија да го одбие барањето за додавање на челични производи кои се користат во моторите на електрични возила и ветерни турбини, тврдејќи дека во САД нема достапни капацитети за производство на челик потребен за погонски склопови на електрични возила.

Новите тарифи стапуваат на сила веднаш и вклучуваат компресори, пумпи и метал.

„Денешната акција го проширува опфатот на царините на челик и алуминиум и ги затвора вратите за нивно заобиколување, поддржувајќи ја континуираната ревитализација на американската индустрија за челик и алуминиум“, порача заменик-секретарот за трговија, индустрија и безбедност Џефри Кеслер.

Производителите на челик поднесоа петиција до администрацијата да ги прошири царините со цел да ги опфатат дополнителни челични и алуминиумски автоделови./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Се живее се потешко – Повторно порасна минималната кошничка, за обичен живот на едно семејство потребни се 65.328 денари

ДЕСК

УЈП: Истече рокот за плаќање на месечните обврски за јули – повик за подмирување на долговите

C +

СЛЕДУВА ПРИСИЛНА НАПЛАТА: Над 11 илјади фирми не исплатиле плати кон работниците, а 2.199 не платиле данок на добивка – тешки времиња за македонските компании

ДЕСК