Centar.mk
фото Centar.mk
-

Претреси во Берово и Виница, пронајдена дрога

Денеска (20.08.2025) околу 09.30 часот, полициски службеници од СВР Штип-ОВР Берово го лишиле од слобода Б.С.(36) од Берово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени семки од растението канабис, неколку пакувања со марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

На 19.08.2025, исто така, со судска наредба, полициски службеници од СВР Штип – ОВР Виница извршиле претрес во домот на Г.П.(32) од Кочани, со живеалиште во Виница. При претресот биле пронајдени и одземени , марихуана, дигитална вага, предмети со остатоци од марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

Можеби ќе ве интересира

До 1 септември ОУ „Кузман Јосифовски – Питу“ во Кисела Вода ќе добие нова спортска сала

ДЕСК

Започна официјалната посета на претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ

ДЕСК

СДСМ: Мицкоски и Орбан – ист модел, корупција на сите нивоа!

ДЕСК