Centar.mk
БИЗНИС

Почна со работа новата хала на „Амфенол“ во Кочани

Започна со работа новата хала на „Амфенол“ во Кочани. Премиерот, Христијан Мицкоски, кажа дека станува збор за инвестиција којашто е трудо-интензивна близу 3.200 вработени, со план за нови 500 вработувања, во две фази.

„Од тоа што разговаравме со директорот, во новите две хали, зборувам за оваа којашто сега ја гледате позади нас, којашто е во фаза на изработка и таа што догодина ќе започне, ќе имаме исклучително висока технологија, којашто одговара на најсовремените технолошки процеси. Така што, јас сум навистина задоволен што можам да кажам дека како Влада поддржуваме директни инвестиции, домашни, странски инвестиции, не само преземајќи го институционалниот ризик, туку и финансиски. Преку програмата ќе ги поддржиме овие нови инвестиции на компанијата, „Амфенол“ тука во Кочани, како што кажа и директорот во иднина планираме и во одредени други градови да се прошири инвестицијата на „Амфенол“. Така што за нас компанијата претставува стратешки партнер“, рече Мицкоски./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ЕСМ СО ПОРАКА ЗА ИДНИНАТА НА МАКЕДОНСКАТА ЕНЕРГЕТИКА – Јагленот не може да се напушти преку ноќ

ДЕСК

ОБЈАВЕНА КУРСНАТА ЛИСТА ЗА ДЕНЕСКА – Еве колку вредат еврото, доларот, фунтата и швајцарскиот франк во денари

ДЕСК

ПО ГОЛЕМИОТ ПАД НА ЦЕНИТЕ, ВО ПОНЕДЕЛНИК СЛЕДУВА НОВА ПРЕСМЕТКА – Дали бензинот и дизелот повторно ќе поевтинат или возачите ги чека пресврт?

ДЕСК