Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за акцијата за намалување на училишниот прибор: ДПИ е на терен, немаме нарушувања на веќе договореното

„ДПИ е на терен гледа дали се почитува, засега немаме објективни нарушувања на веќе договореното“, изјави претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање како е задоволен од акцијата за намалување на училишниот прибор.

„Владата на седница донесе одлука со која обезбеди попуст заедно со трговците и снабдувачите на училишниот прибор помеѓу 10 и 15% на маржата, во зависност дали е на големо или на мало, а репер е цената од 1-ви јуни 2025 година. Задача е на трговците да означат која била цената на 1-ви јуни 2025 година и врз база на тоа да обезбедат попуст помеѓу 10 и 15% и да истакнат на влезот од продавницата натпис во којшто има „Помалку трошоци, повеќе за граѓаните”. ДПИ е на терен гледа дали се почитува, засега немаме објективни нарушувања на веќе договореното“, потенцираше премиерот Мицкоски.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Граѓаните сакаат подобар живот, плати и светла иднина, а не црни кампањи

C +

Филипче жестоко против црната кампања на власта: Јавен линч и лаги, сега ќе ги гонам!

C +

Предлог-законот за пушењето не е удар по угостителството, туку заштита на здравото работно место, велат од Министерството за здравство

C +