Centar.mk
фото ДУИ
-МАКЕДОНИЈА

ДУИ: И ВРЕДИ признава, Чаир е во хаос, виновник е Изет Меџити

Соопштение на ДУИ:

Изјавата на носителот на листата на ВРЕДИ во Чаир за „хаотичната состојба на инфраструктурата и населените места“ не е ново откритие, тоа е само потврда на она што ДУИ постојано го истакнува.

Чаир не станал ваков сам од себе. Постоји само еден виновник: Изет Меџити.

Од 2005 година, Меџити управува со Чаир и го претвори во симбол на дивоградбите – со над 150 документирани случаи.

Тој е авторот на урбанистичкиот хаос и бетонизацијата на зелените површини.

Општината ја претвори во личен банкомат за збогатување на себе и своето семејство, директно оштетувајќи го буџетот на граѓаните.

Парадоксално е денес кандидатите на ВРЕДИ да зборуваат за „решенија“, додека го бранат и промовираат токму авторот на овој хаос.

Чаир има потреба од визија, грижа и интегритет – не од враќање на оние што го доведоа во оваа состојба. Граѓаните на Чаир добро знаат кој го создаде проблемот и кој може да го реши.

Можеби ќе ве интересира

Осуденик нападнал друг затвореник со остар предмет во Затвор Прилеп

ДЕСК

ДРАМА ВО СОЦИЈАЛЕН ЦЕНТАР: Се заканувале, а едниот се обидел да ја нападне вработената

ДЕСК

Апсења на повеќе локации низ Скопје – Шест млади лица завршија со лисици на рацете

ДЕСК