Centar.mk
БИЗНИС

УЈП со повик: Избегнете стрес и дополнителни трошоци, навреме поднесете ДДВ-04 пријави

Управата за јавни приходи упатува повик до сите даночни обврзници: поднесете ги ДДВ-04 пријавите и платете го даночниот долг за изминатиот даночен период навреме и одговорно за да избегнете стрес и дополнителни трошоци.

Крајниот рок за поднесување на пријавите и плаќање на данокот е понеделник, 25 август 2025 година.

Од УЈП велат дека до овој момент, само 11% од вкупниот број даночни обврзници ја имаат исполнето оваа законска обврска.

„Поради тоа, УЈП апелира до сите обврзници да ги достават потребните документи до своите сметководители без одлагање, со цел да се избегнат последични казни и дополнителни финансиски трошоци. Навременото поднесување на ДДВ-04 пријавата и плаќање на даночниот долг е клучно за: усогласување со даночните прописи, одржување на финансиската стабилност на деловните субјекти, поттикнување на стабилен и развиен економски систем“, соопшти УЈП.

Даночните обврзници кои имаат потреба од дополнителни информации или поддршка можат да се обратат на: Е-пошта: info@ujp.gov.mk и на телефонските броеви: од фиксна линија: 0800 33 000 и од мобилен телефон: 02 3253 200./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Двојна победа на НЛБ Банка Скопје на наградите за банкарство на EMEA Finance Europe 2025: Локално признание за„Најдобра банка“ и регионално признание за „Најдобра дигитална банка“

C +

Тренчевска: Решението на СДСМ значи поддршка на работниците за 600 евра плата и поддршка на компаниите

ДЕСК

Гувернерот Славески: Монетарната политика обезбедува стабилен денар, контролирана инфлација и стабилен банкарски систем

ДЕСК