Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Претрес во валандовско, пронајдени се дрога, оружје и муниција, приведено едно лице

На 18.08.2025 во 06:00 часот во с.Казандол, валандовско, полициски службеници од ОВР Валандово и Полициската станица Гевгелија го лишиле од слобода Е.А.(39) од с.Казандол. При претрес во неговиот дом и помошни простории во селото, извршен со наредба на Основен суд Гевгелија, биле пронајдени и одземени 11 стебла од растението Канабис сатива, еден репетирачки карабин, куршуми со калибар од 7,9 мм, една рачна бомба постар модел, една торба и неколку ќесиња исполнети со марихуана, како и други предмети со остатоци од марихуана.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Кузеска: Измените на Законот за странци нов доказ за вистината

ДЕСК

Нова тура апсења на повеќе локации во Скопје: Седум лица лишени од слобода

ДЕСК

Драма во Прилеп: Граѓанин ја попречувал полицијата при службена интервенција

ДЕСК