12. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пратеник најден мртов во парламентот во Финска

Безживотно тело е пронајдено денес околу 11 часот наутро во зградата на финскиот парламент, а според релевантните локални медиуми, станува збор за тело на пратеник кој извршил самоубиство, но сè уште не го објавуваат неговиот идентитет.

Полицијата не ги потврди наводите дека станува збор за пратеник, но објави дека засега нема сомнение за кривично дело.

Повикот до полицијата пристигна во 11.06 часот наутро.

Шефот на обезбедувањето на парламентот, Аро Тоивонен, рече дека имало смртен случај во зградата на парламентот, но дека на властите е да дадат дополнителни информации за случајот.

Еден од пратениците рече дека не знае многу за случајот.

„Немам никакви подетаљни информации. Тоа е навистина тажна работа, за што многу ми е жал“, рече пратеникот Јука Копра.

Копра додаде дека претпоставува оти парламентот ќе даде официјално соопштение кога тоа ќе биде можно.

Во овој момент во зградата на парламентот има голем број полицајци, а надвор беа видени неколку возила за итни случаи./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Борис Џонсон: Убиството на Чарли Кирк е знак за крајниот очај и кукавичлук на оние што не можеа да го победат на дебата

C +

Конгресот на САД одобри 342 милиона евра воена помош за Украина

C +

Сојузникот на Трамп убиен во атентат, ФБИ приведе осомничен, па го пушти

C +