Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пожарот во ловиштето Јасен не е изгаснат, еден крак сè уште активен

Пожарот во ловиштето Јасен сè уште не е изгаснат. Еден крак е сè уште активен. Дождот што заврна во мала количина не го изгасна, извести директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.

Како што изјави тој, се дејствува со два „ер трактора“ на Дирекцијата за заштита и спасување. Една жешка точка има високо на сртот, а од спротивната страна две жешки точки со чадење. Се работи за екстремно стрмен терен и терен со зимзелена шума, што е исклучително ризично да се спуштат луѓе.

„Нашиот фокус е со двата „ер трактора“ и со полицискиот хеликоптер да дејствуваме на оваа точка. Ќе дадеме сè од себе во текот на денешниот ден да го ставиме целосно под контрола и овој преостанат крак од пожарот“, додаде Ангелов./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ВО МАКЕДОНИЈА – Силен ветер над 60 км/ч, утринска магла и дожд за викендот

ДЕСК

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЛУЧАЈ ВО ВЕЛЕС – Кај ученичка забележани видливи повреди, известени полицијата и обвинителството

ДЕСК

РЕВИЗИЈАТА ОТКРИ ПРОПУСТИ ВО МИНИСТЕРСТВО – Проблеми со имотот, обврските и јавните набавки

ДЕСК