Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Макрон: Европските воени сили треба да учествуваат во мировните операции во Украина

Францускиот претседател Емануел Макрон им рече на новинарите во Вашингтон дека европските воени сили треба да учествуваат во мировните операции во Украина во иднина.

„Ќе ни треба силна украинска армија и ќе мора да ѝ помогнеме на Украина со сили на терен“, рече Макрон. „Ќе ни требаат мировни операции што сојузниците на Украина се подготвени да ги обезбедат“.

Не е прв пат Макрон да ја изнесе идејата, но досега тоа не доведе до никакви конкретни распоредувања.

Макрон додаде дека Трамп би бил „подготвен“ да воведе секундарни санкции и царини врз Москва „доколку Русија не соработува“. Тој исто така потсети дека Трамп веќе вовел царини врз Индија за купување руска енергија.

Францускиот претседател нагласи дека не е убеден дека Русија сака мир, додавајќи дека европските лидери „му ставиле до знаење на Трамп“ дека мировниот договор не може да чека недели или месеци./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Орбан: Потсмевањето на Трамп беше првата грешка на Европа

C +

Украина со најсилен напад со дронови досега – Русија тврди дека пресретнала 398 летала

C +

САД го зголемуваат производството на оружје поради војната на Блискиот Исток

C +