Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Финскиот претседател: Ќе видиме дали Путин ќе се сретне со Зеленски, не може да му се верува

Финскиот претседател Александар Стаб изјави дека на состанокот во Белата куќа е постигнат договор за безбедносни гаранции за Украина и понатамошни чекори.

„Коалицијата на волните веќе работеше на безбедносни гаранции и на тоа ќе го градиме и овој договор. Деталите треба да се разработат во следната недела. Главниот договор на вечерта беше дека убивањето мора да престане“, рече Стаб.

Тој додаде дека досега нема ништо конкретно во врска со учеството на САД и дека Доналд Трамп ќе ја информира јавноста за тоа.

Стаб, исто така, откри дека американскиот претседател сметал дека е добар потег да се јави кај Владимир Путин и да предложи билатерална средба меѓу Путин и Володимир Зеленски.

„Ќе видиме дали Путин има храброст да дојде на таков состанок, бидејќи не може да му се верува“, рече Стаб./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Америка ги повика своите граѓани веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји од Блискиот Исток

C +

Трамп: Подготвени сме да водиме војни колку што е потребно, имаме залихи што ќе траат засекогаш

C +

Поранешен шеф на ЦИА: Нападите на Трамп врз Иран се катастрофална грешка

C +