Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Младинските организации на СДСМ и на Сириза, потпишаа заедничка декларација за соработка и солидарност

СДММ и Младината на Сириза ја потпишаа Заедничката декларација за соработка и солидарност.

– Преспанскиот договор претставува темел за ново пријателство и соработка, отворајќи нови перспективи за младите од двете земји. Го истакнуваме Преспанскиот договор како историски исчекор кон мир, меѓусебно признавање и регионална стабилност. Договорот отвора нови можности за соработка помеѓу Грција и Северна Македонија, зајакнувајќи ги добрососедските односи и поддржувајќи го патот кон интеграција во Европската унија. Ова достигнување го гледаме како позитивен пример за тоа како прогресивните сили на Балканот можат да застанат против национализмот и како дијалогот, компромисот и взаемно прифатливите решенија можат да донесат трајни придобивки за двете држави, особено за младите генерации, велат двете организацици во заедничката декларација и додаваат дека заеднички ќе разменуваат искуства, ќе ја зајакнуваат билатералната соработка и ќе градат нови мостови кон европска иднина, демократија и младинска енергија.

Можеби ќе ве интересира

ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ВО МАКЕДОНИЈА – Силен ветер над 60 км/ч, утринска магла и дожд за викендот

ДЕСК

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЛУЧАЈ ВО ВЕЛЕС – Кај ученичка забележани видливи повреди, известени полицијата и обвинителството

ДЕСК

РЕВИЗИЈАТА ОТКРИ ПРОПУСТИ ВО МИНИСТЕРСТВО – Проблеми со имотот, обврските и јавните набавки

ДЕСК